
Споменикот на Гоце Арнаудов, дело на македонскиот скулптор и сликар од Струмица, Митко Тошев, ќе биде свечено откриен в понеделник, ноќта спроти неговиот роденден, 19 август. Откривањето на споменикот, висок 2 метри, кој денеска беше поставен, ќе биде во 20 часот, во малиот Градски парк во Струмица, спроти домот во кој живееше македонската фолк-легенда Гоце Арнаудов.

Неофицијално, пред откривањето ќе се одржи мал концерт на струмичката естрада со рефрените од песните на Гоце, а на свеченоста се очекува да присуствуваат и голем број пејачи од македонската естрада.
Избор: Струмицанет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


