| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал во „Малезија ерлајнс“: Стјуард сексуално злоупотребувал патничка

Стјуарт на  „Малезија ерлајнс“ задржан е во Франција поради обвиненијата дека сексуално нападнал австралиска патничка, која на членовите на екипажот им признала дека чувствува страв затоа што лета со оваа компанија. На летот МХ20 кој на 4 август леташе од Куала Лумпур наводно дошло до непримерно сексуално вознемирување од страна на стјуардот спрема една патничка.

airbus_wiki_malezija erlajns

Кога признала дека има голем страв да лета со малезиската авиокомпанија, главниот стјуард седнал покрај неа и сексуално ја искористил под изговор дека сака да ја утеши. Таа го пријавила случајот на француските власти кога авионот слетал на парискиот аеродром.

Претставниците на Малезија ерлајнс и ветиле на француската полиција дека ќе помогнат во истрагата истакнувајќи дека сигурноста, удобноста и доброто на патниците им се на прво место. Малезија ерлајнс е пред финансиски колапс по две воздухопловни катастрофи. Најпрво во март мистериозно исчезна авион на летот МХ 370 чија што судбина, до денеска е непозната.

Четири месеци подоцна авионот на истата компанија е соборен над Украина при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top