| четврток, 6 декември 2018 |

Кој лаже за измерената температура?

Во текот на летните месеци, особено во деновите кога сме под влијание на топлотни бранови, најчеста тема на разговор е кој колкава температура измерил или видел во град, на автобуска постојка, во автомобил и слично, споредувајќи ја со таа температурата измерена на метеоролошките станици. Резултатот од овој разговор е дека некој лаже, ама прашањето е кој?

temperatura

Пред да навлеземе во дискусијата, од есенцијално значење е да знаеме неколку факти:

1.Официјалните метеоролошки станици насекаде во светот ги мерат метеопараметрите востандардизирани услови пропишани од Светската метеоролошка организација – на 2 метри над почвата, во природно вентилирано засолниште, кое се наоѓа над природна подлога, земјена или тревна, додека во арктичките предели мерењето се врши над мразен покривач.

2. Секое тело има одреден топлински капацитет, односно способност за „складирање“ топлина. Во тој момент кога одредено тело има повисока температура од околината (предмети или воздух), тоа почнува да ја ослободува својата топлина преку трите механизми на пренесување на топлина: конвекција, зрачење и кондукција.

3.Бојата на телата го одредува и нивното албедо, односно степенот на рефлексија (одбивање) на топлината. Белата боја има најголемо албедо, односно во најголем степен ја одбива топлината, додека пак црната боја најмалку ја одбива, односно најмногу ја апсорбира топлината .

Имајќи ги предвид овие факти, не е тешко да се дојде до заклучок дека најголемиот дел од мерењата направени „на своја рака“, во нестандардизирани услови, најчесто ќе ни дадат нереални резултати. За да го провери ова тврдење, Метеопро направи еден мал експеримент, мерење што најголемиот дел од нас го правиме секој ден – ја измери надворешната температура со автомобилски термометар. За резултатите од експериментот прочитајте тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top