| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска зафатена од силно невреме

хрват

Невреме проследено со пороен дожд и град, го погоди денеска карловачкото подрачје, Загорје, а поројните дождови го погодија и Загреб, додека при удар на гром изгоре семејна куќа во Копривница.
На карловачкото подрачје паѓаше силен град со големмина од 2,5 сантиметри, ветрот уривал стебла. Наврнале над 30 литри дожд на квадратен метар, а до крајот на денот се очекуваат и над 50 литри, јавија хрватски медиуми.
Поради обилните дождови во Загорје се поплавени голем број приземни куќи и подруми.
Во Загреб поројните дождови предивикаа застои во сообраќајот и голем број сообраќајки. Затворени се подвозниците во градот, соопшти полицијата.
„Метеоаларм“ објави портокалово предупредување за најголемиот дел од Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top