| четврток, 6 декември 2018 |

Конечна одлука на судот во Лозана за случајот со Суарез

Судот за арбитража во Лозана ја донесе конечната одлука во врска со жалбата на Луис Суарез за укинување на суспензијата од четири месеци без право на настап за Барселона и девет натпревари за репрезентацијата на Уругвај.
Судот не најде доказ дека треба да се намали суспензијата на играчот и таа останува на сила сѐ до нејзиното завршување, односно до 25 октомври Уругваецот ќе нема право на настап за Барселона.
Едниствената олеснителна околност е што Суарез ќе има право на тренинг заедно со своите нови соиграчи од Барселона.
Тоа е единствената измена на судот по полноправната одлука на УЕФА која му забрани на играчот да тренира со клубот или да посетува натпревари. Со оваа одлука се испочитувани основните човекови права и не е прекршена слободата на движење.
Луис Суарез е казнет за настап до 25 октомври, еден ден пред првото „Ел Класико“ оваа сезона.
Со одлуката дека може да тренинра со Барселона до крајот на суспензијата тој ќе биде подготвен за настап и се очекува да дебитира за каталонскиот клуб веќе на дербито против Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top