| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на сепаратистите во Луганск поднесе оставка

Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ во источна Украина Валериј Болотов соопшти дека поднесува оставка.

фото ЕПА

фото ЕПА

– Одлучив привремено да се откажам од позицијата. Бев ранет и тоа не ми дозволува сите мои сили да ги вложам за доброто на жителите на Луганск во ова сложено воено време – изјави Болотов.

Според него, како што јави ИТАР-ТАСС, состојбата во Луганск во моментов е мошне сложена, бидејќи властите во Киев во градот префрлиле многу војска и големо количество оружје.

– Тие намерно ја уништуваат нашата инфраструктура. Ние сме на граница на хуманитарна катастрофа – рече Болотов.

Болотов е вториот сепаратистички лидер, кој поднесува оставка во изминатите седум дена, откако на 7 август тоа го стори и лидерот на проруските сепаратисти во соседниот Доњецки регион, Александар Бородај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top