| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена шахта пет месеци опасност за минувачите (фото)

sahta

Отворена шахта, со длабочина од два метри, на мостот „Близнак“ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба е вистинска опасност за пешаците и за велосипедистите. Минувачите кои често преминуваат преку овој мост велат дека шахтата стои отворена  пет месеци.

sahta1

– Секојдневно од овде поминувам со велосипед, поминуваат пешаци, точаци, а ако не се лажам тука беше упаднало и едно кутре, па го вадеа од долу, ако упадне човек, може да има фатални последици, па дури да заврши и со смрт… Апелирам до надлежните да стават капак, а ако го крадат за старо железо, нека биде заклучен со катанец… Отворената шахта стои отворена точно на средина на мостот Т. Александров (Близнак по старо) – пишува скопјанецот Емил Арсов на страницата на „Фејсбук“ Ѕид на сообраќајниот срам. 

sahta2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top