| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот хуманитарен конвој го продолжи патот кон Украина

Конвојот со руска хуманитарна помош за источноукраинските регион, рано утринава го продолжи патот кон Украина и се движи по патниот правец што води кон Луганск, град што е под контрола на проруските сепаратисти.

 konvoj

Конвојот со околу 262 возила од вторникот вечерта беше „паркиран“ во воениот склад во јужниот руски град Вороњеж поради несогласувањето за тоа како и каде да ја мине границата со Украина.

Според руски извори, во конвојот со хуманитарна помош има генератори за струја, прехрамбени производи, вода, храна за деца, санитетски материјали и вреќи за спиење.

Во исто време, „Гласот на Русија“ објави дека Доњецк целата измината бил гранатиран, како и дека украинската армија и проруските сепаратисти посотјано разменувале артилериски оган во градот.

Засега нема податоци за жртви, а грантирани се Будијоновскиот и Ленинскиот реон на југот на Доњецк и Кујбишевскиот и Киевскиот реон во северозападниот дел на градот, наведе „Гласот на Русија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top