Многу варијации на македонската машка кошаркарска репрезенатција и во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2015-тата година. Водевме во поголемиот дел од првите 20 минути, но и при 24-18 на крајот од првите десет минути, и со двоцифрена актива во втората четвртина, играта не беше според посакуваното, можеби затоа што очекувањата беа поголеми пред одмерувањето со аутсајдерот во нашата група Д.
Најдобри поединици во нашиот тим во првото полувреме во кое ја загубивме битката под кошевите, па и при шутот за три поена беa Марко Симоновски и Дарко Соколов со по десет поена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


