| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени полицајци и граѓани во протестите во Скопје

Тројца повредени од моменталните протести во центарот на градот се пренесени во Градска болница. Од МВР се уште немаат потврда за повредени граѓани во инцидентот кој попладнево се случи во Скопје. Но не ја исклучуваат можноста.

– Има инциденти, фрлано е со камења и кон полициските возила и кон службениците – вели Иво Котевски.

Неофицијално има и повредени полициски службеници. Превртено е возило на МВР. Во обидот полицијата да ја растера групата, учесниците продолжиле со насилничко однесување. Неофицијално имало оштетени и приватни возила и автобус. Има приведено дел од учесниците.

GEO08

 

фото: Ѓорги Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top