Детската градинка „Росица“ од населбата Хром во општина Ѓорче Петров, комплетно реновирана ќе ја започне школската година.
– Освен надворешните ѕидови се друго е ново. Поставена е нова водоводна и електрична инсталација, нов ламинатен под, нови ПВЦ прозори, нови врати, изградени се три нови тоалети, нова кујна по сите стандарди, нов лимен кров, термоизолација на таванскиот простор, изградена е и нова тераса, а надворешните ѕидовите се термо изолирани со стиропор, се наведува во соопштението на Oпштината.
Градинката ќе прими 50 деца што ќе претставува мало растеретување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.