| четврток, 6 декември 2018 |

Тијаго Силва ќе паузира еден месец

Бразилскиот фудбалер Тијаго Силва нема да може да настапува за Пари Сен Жермен, поради повреда добиена на пријателскиот натпревар со Наполи.

ПСЖ го доби дуелот со италијанскиот тим, но за следните неколку рунди од Лига 1 го изгуби искусниот Бразилец. Силва има повреда на мускулот од десната потколеница и се очекува да закрепне дури во средината на септември.

Според распоредот во Француското првенство, ПСЖ следните три средби за кои се верува дека ќе биде без Силва, ќе ги има со Бастија, Евиан и Сент Етиен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top