| четврток, 6 декември 2018 |

Групата која кршеше низ град се повлече

Групата која правеше инциденти низ центарот на градот се раздвои. Поделени во неколку помали групи учесниците во денешниот протест против поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, се разотидоа. Полицијата го регулира сообраќајот. Специјалните полициски единици се околу собранието.

Претходно групата ја каменуваше Владата, по што кршеше по улици, превртуваше контејнери, оштетуваше автомобили.

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top