Спортскиот свет, а посебно луѓето и навивачите на Барселона со нетрпение ја чекаат одлуката на судот за спортска арбитража да ја соопшти одлуката за жалбата на адвокатите на Луис Суарез.
Како што е добро познато Суарез на светското првенство во Бразил го гризна италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини. Светската фудбалска федерација (ФИФА) остро реагираше и го казни фудбалерот со забрана од девет настапи за националниот дрес на Уругвај и четири месеци да биде остранет од секакво спортско збиднување за клубот за кој настапува.
По светското првенство иако казнет, Суарез направи трансфер од Ливерпул во Барселона и со нетрпение неговите навивачи сакаат да го видат на теренот.
Неговите адвокати во консултација со правните лица на каталонскиот клуб одбраната ја темелат на ограниченото движење и кршење на основните човекови права. Во тимот на Суарез отпимизам преовладува и во врска со суспензијата.
Во исчекување на одлуката Барселона и фудбалскиот сојуз на Уругвај добија известување дека конечната одлука ќе биде донесена во четврток во 15 часот.
Првичната суспензија на Суарез истекува на 25 октомври еден ден пред првото „Ел класико“ во Шпанија за оваа сезона што значи дека фудбалерот премиерата во новиот клуб токму на дербито против Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


