
Ансамблот „Варијабиле“, заедно со италијанскиот флејтист Масимо Марчели, ќе одржи концерт утре во 21 часот во црквата „Света Софија“ во Охрид. „Варијабиле“ е основан по иницијатива на Kлаудио Мансути, чија идеја била да собере музичари што ќе изведуваат камерен репертоар во разновидни, односно варијабилни состави.
Сите членови на ансамблот имаат богата уметничка биографија. Членуваат: Kлаудио Мансути, Андреа Мусто, Федерика Репини. Флејтистот Масимо Мерчели изградил впечатлива уметничка кариера во која се забележуваат успесите на меѓународните натпревари и бројните концерти во најпознатите светски сали, меѓу кои: „Kарнеги хол“, Московскиот конзерваториум, „Kонцертгебау“, „Моцартеум“, како и учеството на престижните меѓународни фестивали во Љубљана, Берлин, Бон. Марчели е заменик-претседател на Европската асоцијација на фестивали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


