Во изминатите шест дена под епидемиолошки надзор поради ебола, ставени се 14 луѓе кои допатувале од африкански држави каде е прогласена епидемија на таа болест, изјави за Танјуг, Бојана Гргиќ, епидемиолог од Институтот Батут.
Таа додава дека тоа е стандардна процедура и оти здравствениот систем е организиран така што сите луѓе кои доаѓаат од загрозени подрачја на аеродромот, минуваат низ контрола на санитарна инспекција која им издава решение за ставање под надзор.
– Од четвртокот до денеска издадени се 14 такви решенија. Со тоа патниците од загрозени подрачја се обврзани во рок од 24 часа да се јават во епидемиолошка служба во местото на престој, изјави Гргиќ.
Здравствената состојба им се следи до најдолгиот период на инкубација, а тоа за еболата е 21 дена.
СЗО соопшти дека во овогодишната епидемија со вирусот на ебола заразени се 1.848 луѓе, и оти од тој вирус животот го загубиле 1.013 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


