Резултатот од суперанализата на оспоруваниот вакумиран чаден сечкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевегелија, покажа дека е негативен на бактеријата листерија.
Претпладнево „Екстра Меин“ ги доби првичните резултати од суперанализата на мостри земени од оспоруваните лотови повлечени од малопродажба на свинскиот врат и сите се покажаа негативни на листерија.
Суперанализата е направена во Факултетот за ветеринарна медицина при што беа тестирани мостри од двата производствени лота на сечкан свински врат и фолија за пакување.
-Ова покажува дека производите излезени од погоните „Екстра Меин“ се произведуваат по сите светски стандарди за безбедност и квалитет на храна – велат од „Екстра Меин“.
Во текот на денот се очекува да пристигне и втората суперанализа изработена од Институтот за јавно здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





