| четврток, 6 декември 2018 |

Титовиот брод „Галеб“ скапува во Риека

titov brod

Гордоста на некогашната југословенска Воена морнарица, бродот „Галеб“, пловечката резиденција на Јосип Броз Тито, денес стои во распаѓање и напуштен на пристаништето во Риека.

Никој не знае што ќе биде со бродот. Риечани веќе го нарекуваат „проклетиот Холанѓанец“, а риечките власти се надеваат дека во септември некој ќе се јави на јавниот конкурс за да го земе под концесија и да ја врати надежта на „Галеб“.

Но, за тоа се потребни најмалку 15 милиони евра, што малкумина ги имаат во оваа криза, а и бродот е во толку лоша состојба што треба да се обновува речиси се. И ваков каков што е сега, Риека ја чинеше милиони. Затоа има и се повеќе критики на градската власт која ја презеде грижата за „Галеб“, за да покаже барем малку почит кон антифашизмот, кој во Хрватска е се помал.

Nekadasnji-Titov-brod-Galeb-do-daljnjega-vezan-u-Porto-Barosu_ca_large

Школскииот брод на поранешната Морнарица, со кој Тито го преплови светот и ја покрена идејата за неврзаните која не умира до денес, ни во состојбата во кој е сега, нема мир. Дури и во Риека, која е можеби најтолерантна средина во Хрватска, постојат критики дека би било попаметно да се вложат парите во други историски вредности, па и во обнова на музеите, а не во „дупка без дно“ на што наликува „Галеб“.

RI257X6_gallery_embed_item

Секако има и такви кои се полни со критики на периодот на Тито, па што поскоро сакаат бродот да го видат на дното на морето или во депонија.

Galeb_Wikipedia-Viktor_Lenac-Roberta-F-1

Градот Риека, иако нема пари, се обидува да ги активира ЕУ фондовите, но тоа е долг и неизвесен пат. Градоначалникот Војко Оберснел сака да го зачува бродот како историска знаменитост, а веќе разговарал со неколку потенцијални инвеститори. Им се нудат некои поволности, па во првите две години би биле ослободени од плаќање на околу 100.000 евра за надомест, бидејќи се работи за културно наследство.

Самата концесија ќе чини 10 милиони евра, а обновата на бродот пет милиони. Риечани фантазираат во едниот дел на бродот да биде музеј, а во другиот врвен хотел, конгресен центар и ресторани.

10524362_724823447588092_5135090133845832232_n

Кога го разгледавме „Галеб“ се околу него беше морничаво и пусто. Приодот до бродот е ограден, а надворешниот дел оштетен без боја. Од стариот сјај не останало ништо, а се тоа потсетува на дамнешните денови во 1944 година, кога „Галеб“ заробен од Германците, бил потопен од страна на сојузниците токму во риечкото пристаниште.

Останува единствено надежта дека Риека нема дефинитивно да го погреба бродот долг 117 метри, во кој биле вградени мотори од „Фиат“. Ако се пропадне со концесионерите, градот нема да се откаже, но патот до обновата на Галеб ќе биде многу подолг.

68548_478430285560744_288588732_n

Минатото и иднината

Славната историја почнува од 1951 година кога бродот бил обновен и кога Тито со него го пропатувал светот, а на неговата палуба стоеле Винстон Черчил, етиопскиот цар Хајле Селаси, како и Нехру, Насер и Хрушчов. Откако Тито престанал да патува со „Галеб“, настапиле лоши времиња, кои не престанаа до денес.

Постојат многу идеи како да се обнови „Галеб“. На пример, уметниците сакаат бродот да стане галерија која би привлекувала туристи. Меѓутоа, други сметаат дека бродот треба да се остави на дното на риечкото пристаниште како атракција за нуркачите. Многу луѓе пак, во поранешната гордост на Воената морнарица гледаат идеален простор за луксузен ресторан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top