| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид и Севилја во борба за Суперкупот

Европскиот шампион Реал Мадрид и освојувачот на Лига на Европа, тимот на Севилја вечерва ќе се борат за трфејот во Суперкупот на УЕФА.

Тренерот на Реал Карло Анчелоти најави дека во тимот ќе бидат засилувањата Тони Крос и Хамес Родригез, но нема да може да смета на повредениот Хесе и на суспендираниот Чаби Алонсо.

– Крос неколку дена тренираше со првиот тим и ќе се најде во почетниот состав, како и Хамес Родригез. Крос ќе ни биде од голема корист на тактички план. Родригез има посебни квалитети, одличен е на позицијата офанзивен играч за врска, но и како напаѓач – изјави Анчелоти.

Посебен мотив за добра игра ќе има Герет Бејл, бидејќи ќе игра во родниот град.

– Ќе истрчаме во најсилен состав. Тоа значи дека ќе игра и Роналдо иако се жалеше на мали болки во коленото. Што се однесува до Бејл, среќен е што се враќа дома. Секако дека ќе биде во првите 11. Тргнува со позитивна атмосфера – истакна тренерот на Реал, Анчелоти.

Севилја пред овој дуел се соочува со неколку повредени играчи. Натпреварот ќе се игра во Кардиф, Велс со почеток од 20 часот и 45 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top