Босанскиот државјанин Емрах Фојница, обвинет за учество во нападот на американската амбасада во Сараево во 2011 година загинал во Ирак најверојатно извршувајќи самоубиствен напад, објавила интернет страната Уммет, блиска до радикалните исламски групи во БиХ и на Балканот.
Дваесет и тригодишниот Фојница загинал во петокот во Ирак но не е наведено каде се случил нападот. Во веста за неговата смрт се објаснува дека тој заминал за Ирак „ да изведе шехидска операција и загинал во борбите со елек на себе“, со што се сугерира дека најверојатно извршил самоубиствен напад со експлозивен појас.
Порталот исто така наведува дека таткото на Емрах ја поздравил маченичката смрт на синот во Ирак кога го известиле. Фојница е познат во јавноста по тоа што беше обвинет со уште еден државјанин на БиХ, Мевлид Јашаревиќ, за напад на американската амбасада. Во судската постапка е ослободен од обвинението, за потоа да замине на боиштето во Сирија каде што се приклучил на исламистичката група ИСИЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


