| четврток, 6 декември 2018 |

Момче почина, петмина повредени во сообраќајка на магистралниот пат Ниш-Скопје

На магистралниот пат Ниш-Скопје, околу два часот по полноќ се случила страотна сообраќајка во која младо момче за жал го загубило животот.

policija-1332510940-138674

Според податоците на српскиот Курир, 21-годишниот З.Ш. веднаш им подлегнал на повредите, додека пет лица се повредени и итно пренесени во болница.

До несреќата дошло кога се судриле фиат пунто и форд мондео со германски регистарски ознаки. Еден од тешко повредените бил итно опериран во болницата во Врање.

Исто така, едно од повредените момчиња е во животна опасност.

Полицијата ги утврдува причините за несреќата во која згасна млад живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top