
„Скопски пазар“ а.д. Скопје отвори нов супермаркет од синџирот „СП маркет“ во општина Центар. Новиот маркет се наоѓа на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 20, во близина на Зелено пазарче, спроти поранешен Цветен пазар.
Новиот „СП маркет“, кој се простира на површина од 420 м2, ќе вработи 15 лица и ќе понуди богат асортиман на производи од реномирани домашни и странски производители. Во понудата на супермаркетот потрошувачите, исто така, ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук, готови топли јадења од менито на „Топлотека“, печено пиле и свежо печен багет, како и слаткарски производи.
Новиот „СП маркет“ ќе работи од 8 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 8 до 20 часот во недела.
– Се надеваме дека нашиот нов „СП маркет“ ќе одговори на секојдневните потреби на граѓаните, пред сѐ преку понудата на готови топли јадења, багет и слаткарски производи, за да ги задоволат нивните барања за свежа, квалитетна и разновидна храна по најдобри цени – изјавија од Одделот за маркетинг на „Скопски пазар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


