| четврток, 6 декември 2018 |

Победи за Пелистер и Брегалница

Три натпревари од второто коло на Првата македонска фудбалска лига се одиграа попладнево. Две победи забележаа гостинските екипи, а еден дуел заврши нерешено.

Постигнати резултати: Металург – Силекс 1:1, Хоризонт Турново – Пелистер 0:1 и Тетекс – Брегалница 0:1.

Првиот натпревар од 2.коло се одигра вчера во Тетово каде Ренова со 2:1 го совлада шампионот Работнички.

Дербито на колото Вардар – Шкендија се игра од 19 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top