
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу може да ја преземе премиерската функција доколку сегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган биде избран за претседател на земјата, соопштува турскиот весник „Тараф“.
Весникот уште пишува за серија промени што се очекуваат во владиниот кабинет.
За министер за надворешни работи се очекува да биде назначен началникот на националната разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан.
За министер за економија веројтно ќе биде назначен советникот на премиерот и поранешен новинар Јигит Булут.
Во политичките кулоари се коментира дека министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдаз се изјаснил против номинирањето на Ахмет Давутоглу за премиер и своите резреви му ги искажал на актуелниот премиер Ердоган. Ердоган, меѓутоа, не ги прифатил. Од тие причини, се очекува Мустафа Јилмаз, претседателот на Советот за енергетски пазари, да биде назначен за министер за енергетика.
За министер за внатрешни работи може да биде назначен Селами Алтанок, кој стана директор на Дирекцијата за безбедност во Истанбул по големата чистка, што властите ја преаедоа заради антикорупциската истрага од декември, тврдат извори блиски до владеачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов


