| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско побара да запрат злосторствата во Ирак

papa

Папата Франциско денеска ја повика меѓународната заедница да пронајде политичко решение за да „запрат злосторствата“ врз припадниците на христијанското и другите малцинства во Ирак.

Во остро интонираната порака во текот на неделното обраќање до верниците во Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква наведе дека вестите од Ирак предизвикуваат „неверување“, пренесоа американските медиуми.

-Повеќе илјади ллица, вклучувајќи ги и христијаните, брутално се протерани од своите домови, децата умираат од жед во текот на бегството, а жените се грабнувани, рече папата.

Пратеникот на папата, Фернандо Филони, ватиканскиот амбасадор во Багдад од времето на ирачката војна, во понеделник ќе отпатува во оваа земја да ја искаже солидарноста со христијаните, загрозени од офанзивата на исламската екстремистичка група „Исламска држава“ (ИД).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top