| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху: Се додека ракетира Хамас нема да учествуваме на преговори за примирје

 Benjamin-Netanyahu-640x400

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел нема да учествува во организираните преговори со Хамас за примирје во Газа се додека оттаму продолжува палестинскиот ракетен напад врз израелска територија.

– Израел нема да преговара се додека е под ракетни напади, изјави Нетанјаху на редовна седница на Кабинетот.

– Никогаш не сме објавиле дека израелската офанзива е прекината, нагласи тој.

Според него, операциите ќе продолжат додека не биде постигната целта – спречување на ракетирањето во долг временски период. Преговорите со Хамас се водат со посредништво на Египет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top