| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Цукерберг призна дека има бугарско потекло

Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг призна дека е половина Бугарин, пренесуваат американските медиуми. Младиот милионер во интервју за „Асошијетид прес“ признал дека има бугарско потекло на кое е многу горд. Марк е крстен според својот дедо Марко од Бугарија, по мајчина линија.

mark-cukerberg

Дедото Марко  бил многу богат Бугарин кој ја напуштил татковината во 1944 година, кога народната власт дошла на власт. Богатите Бугари биле прогонувани и осудени од народниот суд, имотот им бил конфискуван, и биле испратени во логор

Сепак дедото на Марк успеал да се качи на брод и избегал во туѓина, но неговата баба останала во Бугарија и не се знае што се случило со неа.

Закерберг тврди дека ја познава историјата на Бугарија и дека се гордее со тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top