| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре дете во сообраќајка во Австрија, мајката префрлена во болница

Едно дете изгоре, а една жена се здоби со изгореници од највисок степен во сообраќајна несреќа што денеска се случи во близина на Мелк, Австрија, на автопатот помеѓу Виена и Салзбург.

Возилото во кое се наоѓале детето и жената доцна претпладне удрило во звучниот ѕид, повеќе пати се превртило и притоа се запалило, извести итната помош.

Патниците од автомобилите во близина ги известиле пожарникарите и пробале а го изгаснат огнот, но автомобилот горел се додека не го изгасиле пожарникарите.

Детето притоа изгорело до непрепознавање, изјави портпаролот на итната служба Филип Гутледерер. Жената е извлечена од автомобилот и со хеликоптер е пренесена во болница во Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top