
Александра Ѓуриќ, сестрата на монструмот од Србија Драган Ѓуриќ кој ја уби 15-годишната Тијана, жали за смртта на невиното девојче, пишува весникот „Вечерње новости“.
Александра вели дека најтешко и е тоа што мора да крие од нејзините деца што направил нивниот вујко.
– Има два сина, едниот има 4 а другиот 10 години. Пред постариот не го вклучуваме телевизорот, но еден ден ќе мораме да му објасниме што се случило. Секако пред да започне учебната година – рекла свекрвата на Александра.
Поради злосторството што го извршил нејзиниот брат, нејзиното семејство сега е изложено на константни закани кои стигнуваат дури од Словенија.
– Иако тие не се виновни за страшното злосторство и се срамат од тоа што нивниот брат го направил мораат да живеат со таа мисла, се соочуваат и до закани кои им стигнуваат преку интеренет. Го замолив синот да го исклучи профилот на Александра на Фејбук, бидејќи во пораките им се закануваат дури со убиство и ликвидација – рекла свекрвата.
Сестрата на ладнокрвниот монструм од срам не смее да излезе од дома, а постариот син не го пушта ни да си игра со другарите.
– Што доживеавме да се плашиме да излеземе од дома. Уште неможам да поверувам или не сум во состојба да ја прифатам реалноста, дека мојот брат е убиец. Би сакала да можам да го погледнам во очи и да го прашам зошто…? Дали знаеш каков товар ни остави нам и на нашите деца. Како тие, брате мој, ќе живат со ваков товар – изјавила сестрата Александра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и


