| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски ја прифати анкетната комисија на Иванов?!

Разговорите се во тек, изјави накратко лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, по крајот на тричасовната средба со еврокомесарот Штефан Филе во седиштето на Мисијата на ЕУ во Скопје. Лидерот кој го предводи опозицискиот блок заедно со Филе се упатил кон вилата „Водно“, каде што треба да има средба со државниот врв и со европската тројка. Аналитичарите коментираат дека фактот што Црвенковски се упатил кон претседателската вила на Водно значи дека, најверојатно, има договор за формирање на анкетната комисија која ја предложи претседтелот Ѓорге Иванов. Сè уште нема никаква потврда на ваквите шпекулации.

Некои медиуми што важат за блиски до опозицијата пишуваат дека премиерот Груевски не отстапувал од претходно изнесените ставови дека одложување на локалните изобир нема да има, ниту, пак, договор за предврмени парламентарни избори.  И високи функционери на ДУИ брифираа дека Ахмети излегол со став дека може да се договара за сè, освен за одложување на локалните избори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top