| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Јован Колунџија на „Охридско лето“

jovan-kolundzija

Познатиот српски виолинист Јован Колунџија вечерва ќе гостува на „Охридско лето“. Концертот е во црквата „Света Софија“, а Колунџија ќе настапи заедно со „Гудачите на Св. Ѓорѓе“, а оваа вечер на сцената публиката ќе го чујат и познатиот тенор Зоран Тодоровиќ.

Колунџија е добитник на бројни домашни и меѓународни награди и признанија за неговата уметничка и педагошка дејност.

Камерниот оркестар „Гудачите на св. Ѓорѓе“ е формиран во 1992 година на иницијатива на поранешните ученици на Училиштето за музички надарени деца во Ќуприја и професорот Петар Ивановиќ. Во периодот на неговото постоење во овој уникатен ансамбл учестваат повеќе генерации еминентни уметници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top