| четврток, 6 декември 2018 |

Нема ебола во Грција

ATINA

Во Грција нема ебола. Архитектот, Грк, кој неодамна патувал во Нигерија, се посомневал дека можеби заболел од ебола, но тестовите за болеста во една болница во Атина за среќа биле негативни, пишува агенцијата „Франс прес“.

Изминатата недела на ебола бил тестиран и друг Грк што патувал во Нигерија, но кај него била откриена маларија.

Грчките власти ги предупредиле вработените на аеродромите и на пристаништата да бидат претпазливи во однос на еболата, но грчката државна здравствена организација вели дека се мали шансите за појава на ебола во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top