| четврток, 6 декември 2018 |

Во Аеродром нема да се казнува за шетање миленици без маска

kuce setanje

Општина Аеродром нема да казнува за шетање кучиња без маска. Една недела откако општинарите најавија дека со 400 евра ќе ги казнуваат граѓаните кои ќе ги шетаат своите миленици без маска, одлуката падна во вода. Министерството за внатрешни работи објасни дека, според Законот за јавен ред и мир, заштитна маска треба да носат само агресивните кучиња. Оваа објаснување на МВР доаѓа откако здружението за заштита на животни “Анима мунди” тврдеше дека не смеат да се казнуваат граѓаните кои ги шетаат своите миленици без маска.

Од МВР информираат дека во Скопје, од почетокот на годината, само четворица граѓани биле нападнати и каснати од агресивни кучиња, а во сите случаеви е поднесено соодветна пријава против сопствениците. Вкупно во 20 случаи биле поднесени прекршочни пријави од СВР Скопје, по истиот член.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top