| четврток, 6 декември 2018 |

„Зелената трансферзала“ на муџахедините

Цел­та на овој текст е да се об­јас­ни кон­цеп­тот. По­јас­ну­ва­ње­то е мно­гу важ­но за се­оп­фат­но раз­би­ра­ње на мо­ти­ви­те, ак­ци­и­те и но­ви­те оче­ку­ва­ња од раз­лич­ни­те акте­ри во вој­ни­те во Ју­гос­ла­ви­ја од 1991 до1999 го­ди­на и пос­ле­ди­ци­те од нив

„Зе­ле­на­та транс­фер­за­ла“ е ге­о­по­ли­тич­ки кон­цепт со две зна­че­ња. Пр­во­то зна­че­ње е цел­та на ис­ла­ми­сти­те да соз­да­дат син­џир од со­сед­ни до­ми­нант­ни мус­ли­ман­ски вла­ди од Истан­бул на ју­го­и­сток до Бос­на на се­ве­ро­за­пад, а вто­ро­то е про­це­сот на рас­теч­ка ет­но­ре­ли­ги­оз­на са­мо­до­вер­ба ме­ѓу мус­ли­ман­ски­те за­ед­ни­ци на таа мар­шру­та.

Про­це­сот оп­фа­ќа че­ти­ри клуч­ни еле­мен­ти: ши­ре­ње на об­ла­сти­те на овие за­ед­ни­ци пре­ку де­мо­граф­ска до­ми­на­ци­ја, вос­по­ста­ву­ва­ње или ши­ре­ње раз­лич­ни суб­је­кти под мус­ли­ман­ска по­ли­тич­ка кон­тро­ла со по­тен­ци­јал за су­ве­ре­на зем­ја, по­до­бру­ва­ње на ис­лам­ски­от ка­ра­ктер и иден­ти­тет на до­ми­нант­но мус­ли­ман­ски­те за­ед­ни­ци во овие суб­је­кти, па­ра­лел­но на­ма­лу­вај­ќи ги при­сус­тво­то и мо­ќта на не­мус­ли­ман­ски­те гру­пи и пот­тик­ну­ва­ње на ам­би­ци­и­те на мус­ли­ман­ски­те за­ед­ни­ци за уште по­хра­бри пла­но­ви за во ид­ни­на, ду­ри и под ри­зик од конф­ликт со не­мус­ли­ман­ски­те со­се­ди.

 

Не­ги­ра­ње на ре­ал­но­ста

По­ли­тич­ки­те, кул­тур­ни­те, ре­ли­ги­оз­ни­те и де­мо­граф­ски­те трен­до­ви ме­ѓу мус­ли­ман­ски­те за­ед­ни­ци на Бал­ка­нот сил­но су­ге­ри­ра­ат де­ка „Зе­ле­на­та транс­фер­за­ла“ го до­би­ва сво­јот об­лик, без раз­ли­ка да­ли тоа се пра­ви слу­чај­но или на­мер­но. Ка­ко и да е, мно­гу за­пад­ни ака­дем­ски екс­пер­ти и ме­ди­ум­ски ана­ли­ти­ча­ри по­ка­жа­ле тен­ден­ци­ја те­о­рет­ски да отфр­лат се­ка­кви су­ге­стии де­ка дол­го­роч­ни­от ис­ла­ми­стич­ки ге­о­по­ли­тич­ки ди­зајн на Бал­ка­нот во­оп­што по­стои, а ка­мо­ли де­ка тој свес­но и си­сте­мат­ски се спро­ве­ду­ва. По­и­мот „Зе­ле­на транс­фер­за­ла“ се кри­ти­ку­ва­ше ка­ко про­из­вод на срп­ска­та про­па­ган­да со „ис­ла­мо­фо­бич­ни“ то­но­ви иа­ко неј­зи­ни нај­а­вто­ри­тет­ни про­по­вед­ни­ци во пос­лед­ни­те го­ди­ни беа ин­сти­ту­ци­и­те и екс­пер­ти­те (бри­тан­ски, ита­ли­јан­ски, аме­ри­кан­ски, изра­ел­ски…).

Вој­на­та во Бос­на сѐ уште бес­не­е­ше ко­га сер Ал­фред Шер­ман, по­ра­не­шен со­вет­ник на пре­ми­ер­ка­та Мар­га­рет Та­чер и ко­ос­но­вач на Цен­та­рот за по­ли­тич­ки сту­дии, пре­ду­пре­ди де­ка цел­та на мус­ли­ма­ни­те е да соз­да­дат „Зе­ле­на транс­фер­за­ла“ од Бос­на пре­ку Сан­џак до Ко­со­во, ко­ја би ги раз­де­ли­ла Ср­би­ја и Цр­на Го­ра. Тој пре­ду­пре­ду­ва­ше де­ка за­пад­ни­те си­ли „го не­гу­ва­ат Ис­ла­ми­стан“ и раз­ви­ва­ат „со­ра­бо­тка и тес­ни од­но­си со Иран чии вла­сти са­ка­ат да ин­ста­ли­ра­ат ба­за во Евро­па за нив­ни­те по­ли­тич­ко-вер­ски актив­но­сти“. Во при­лог на тоа, Ва­шин­гтон са­ка­ше да го вме­ша сво­јот НА­ТО-со­јуз­ник, Тур­ци­ја, ко­ја се пов­ле­ку­ва од се­ку­ла­риз­мот на Ата­турк и од про­за­пад­ни­те ста­во­ви кон ото­ма­низ­мот, со пан­мус­ли­ман­ска ори­ен­та­ци­ја и актив­но им по­ма­га на мус­ли­ман­ски­те си­ли.

Ди­јаг­но­за­та на Шер­ман од 1994 го­ди­на се до­ка­жа де­ка е при­сут­на. Ед­на де­ка­да по­доц­на таа се слуш­на и од Ша­ул Шеј од Цен­та­рот БЕ­СА на Уни­вер­зи­те­тот „Бар-Илан“. Тој истак­на де­ка Бал­ка­нот ва­жи за во­деч­ко ме­сто на европ­ско тло за ис­ла­ми­стич­ки­те те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции, кои го ко­ри­стат овој ре­ги­он за про­мо­ци­ја на нив­ни­те актив­но­сти во За­пад­на Евро­па и дру­ги ме­ста на кои се фо­ку­си­ра­ни низ све­тот. Не­го­ви­те зак­лу­чо­ци во од­нос на „Зе­ле­на­та транс­фер­за­ла“ се воз­не­ми­ру­вач­ки:

„Естаб­лиш­мен­тот на не­за­вис­на­та ис­лам­ска те­ри­то­ри­ја, во ко­ја вле­гу­ва­ат Бос­на, Ко­со­во и Ал­ба­ни­ја…, е еден од нај­про­ми­нент­ни­те до­стиг­ну­ва­ња на ис­ла­мот уште од оп­са­да­та на Ви­е­на во 1683 го­ди­на. Нав­ле­гу­ва­ње­то на ис­ла­мот во Евро­па пре­ку Бал­ка­нот е ед­но од глав­ни­те до­стиг­ну­ва­ња на ис­ла­мот во два­е­сет­ти­от век“.

Прес­ме­тки­те на Шеј по­ка­жу­ва­ат ка­ко вој­на­та во Бос­на овоз­мо­жи исто­ри­ска мож­ност за нав­ле­гу­ва­ње на ра­ди­кал­ни­от ис­лам на Бал­ка­нот во вре­ме ко­га мус­ли­ман­ски­от свет, пред­во­ден од Иран и раз­лич­ни ис­ла­ми­стич­ки те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции, вклу­чу­вај­ќи ја и Ал Ка­е­да, им се прик­лу­чи на по­мош на мус­ли­ма­ни­те. Опе­ра­тив­на­та и ор­га­ни­за­ци­ска ин­фра­стру­кту­ра на му­џа­хе­ди­ни­те е по­ста­ве­на ток­му то­гаш.

Џон Р. Шинд­лер, про­фе­сор по стра­те­ги­ја на аме­ри­кан­ски­от ко­леџ за по­мор­ски би­тки и по­ра­не­шен ана­ли­ти­чар во На­ци­о­нал­на­та без­бед­нос­на аген­ци­ја (НСА), ка­ко кон­тра­ра­зуз­на­ва­чи ана­ли­ти­чар се сог­ла­су­ва со ста­во­ви­те на Шеј спо­ред ко­го Бал­ка­нот го соз­да­ва пар­че­то кое не­до­ста­су­ва во мо­за­и­кот на транс­фор­ма­ци­ја­та на Ал Ка­е­да од изо­ли­ра­на бор­бе­на си­ла во смр­то­нос­на гло­бал­на за­ка­на.

Шинд­лер сме­та де­ка ра­ди­кал­ни­от ис­лам играл клуч­на уло­га во конф­ли­ктот во Ју­гос­ла­ви­ја.

Ка­ко Авга­ни­стан во 80-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век и Бос­на во 90-ти­те го­ди­ни ста­наа тре­нинг-цен­тар за му­џа­хе­ди­ни, што во­де­ше до не­о­че­ку­ва­ни не­га­тив­ни ре­зул­та­ти со еп­ски ди­мен­зии.

Па­ра­диг­ма­та на „Зе­ле­на­та транс­фер­за­ла“ се реф­ле­кти­ра­ше и во кни­га­та на Сем­ју­ел Хан­тин­гтон „Су­ди­рот на ци­ви­ли­за­ции“, во ко­ја бе­ше иско­ри­сте­на вој­на­та во БиХ ка­ко па­ра­диг­мат­ски слу­чај на та­ка­на­ре­че­ни „вој­ни ме­ѓу ци­ви­ли­за­ции“ ме­ѓу ис­ла­мот и оста­на­ти­те. Спо­ред те­за­та на аме­ри­кан­ски­от по­ли­ти­ко­лог, глав­ни­те по­ли­тич­ки акте­ри на 21 век ќе би­дат ци­ви­ли­за­ци­и­те, а не др­жа­ви­те. Во не­го­во­то де­ло „Су­ди­рот на ци­ви­ли­за­ции“ ја из­ло­жу­ва кон­тро­верз­на­та вер­зи­ја за но­ви­от свет­ски по­ре­док по Сту­де­на­та вој­на.

Мно­гу го­ди­ни пред да би­дат истре­ла­ни пр­ви­те кур­шу­ми во Бос­на во 1992 го­ди­на, таа па­ра­диг­ма бе­ше по­твр­де­на од Али­ја Изет­бе­го­виќ, кој по­доц­на ста­на ли­дер на бо­сан­ски­те мус­ли­ма­ни. Во не­го­ва­та ис­лам­ска дек­ла­ра­ци­ја не­ги­ра ка­ква би­ло шан­са за ми­ро­љу­би­ва ко­ег­зи­стен­ци­ја ме­ѓу ис­лам­ски­те вер­ни­ци и не­ис­лам­ски­те оп­штес­тва и по­ли­тич­ки ин­сти­ту­ции:

„Ис­ла­мот го со­др­жи прин­ци­пот на ум­мет, тен­ден­ци­ја за обе­ди­ну­ва­ње на си­те мус­ли­ма­ни во ед­на за­ед­ни­ца – ду­хов­на, кул­тур­на и по­ли­тич­ка за­ед­ни­ца… Тоа е при­род­на функ­ци­ја на ис­лам­ски­от ред да ги со­бе­ре си­те мус­ли­ма­ни и мус­ли­ман­ски за­ед­ни­ци низ све­тот во ед­но“.

За вре­ме на вој­на­та во Бос­на и Хер­це­го­ви­на (1992-1995) Изет­бе­го­виќ му пре­зен­ти­ра­ше „плу­ра­ли­стич­ка“ сли­ка на За­па­дот, но не­го­ви­те след­бе­ни­ци дејс­тву­ваа во ко­ор­ди­на­ци­ја со не­го­ва­та пр­вич­на по­ра­ка. Пло­до­ви­те од нив­ни­от труд и од тру­дот на нив­ни­те исто­вер­ни­ци во уште шест дру­ги зем­ји во ре­ги­о­нот се јас­но вид­ли­ви на ил­јад­ни­ци ки­ло­ме­три дол­га­та па­те­ка низ цен­та­рот на де­неш­ни­от Бал­кан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top