„Зелената трансферзала“ е геополитички концепт со две значења. Првото значење е целта на исламистите да создадат синџир од соседни доминантни муслимански влади од Истанбул на југоисток до Босна на северозапад, а второто е процесот на растечка етнорелигиозна самодоверба меѓу муслиманските заедници на таа маршрута.
Процесот опфаќа четири клучни елементи: ширење на областите на овие заедници преку демографска доминација, воспоставување или ширење различни субјекти под муслиманска политичка контрола со потенцијал за суверена земја, подобрување на исламскиот карактер и идентитет на доминантно муслиманските заедници во овие субјекти, паралелно намалувајќи ги присуството и моќта на немуслиманските групи и поттикнување на амбициите на муслиманските заедници за уште похрабри планови за во иднина, дури и под ризик од конфликт со немуслиманските соседи.
Негирање на реалноста
Политичките, културните, религиозните и демографските трендови меѓу муслиманските заедници на Балканот силно сугерираат дека „Зелената трансферзала“ го добива својот облик, без разлика дали тоа се прави случајно или намерно. Како и да е, многу западни академски експерти и медиумски аналитичари покажале тенденција теоретски да отфрлат секакви сугестии дека долгорочниот исламистички геополитички дизајн на Балканот воопшто постои, а камоли дека тој свесно и систематски се спроведува. Поимот „Зелена трансферзала“ се критикуваше како производ на српската пропаганда со „исламофобични“ тонови иако нејзини најавторитетни проповедници во последните години беа институциите и експертите (британски, италијански, американски, израелски…).
Војната во Босна сѐ уште беснееше кога сер Алфред Шерман, поранешен советник на премиерката Маргарет Тачер и коосновач на Центарот за политички студии, предупреди дека целта на муслиманите е да создадат „Зелена трансферзала“ од Босна преку Санџак до Косово, која би ги разделила Србија и Црна Гора. Тој предупредуваше дека западните сили „го негуваат Исламистан“ и развиваат „соработка и тесни односи со Иран чии власти сакаат да инсталираат база во Европа за нивните политичко-верски активности“. Во прилог на тоа, Вашингтон сакаше да го вмеша својот НАТО-сојузник, Турција, која се повлекува од секуларизмот на Ататурк и од прозападните ставови кон отоманизмот, со панмуслиманска ориентација и активно им помага на муслиманските сили.
Дијагнозата на Шерман од 1994 година се докажа дека е присутна. Една декада подоцна таа се слушна и од Шаул Шеј од Центарот БЕСА на Универзитетот „Бар-Илан“. Тој истакна дека Балканот важи за водечко место на европско тло за исламистичките терористички организации, кои го користат овој регион за промоција на нивните активности во Западна Европа и други места на кои се фокусирани низ светот. Неговите заклучоци во однос на „Зелената трансферзала“ се вознемирувачки:
„Естаблишментот на независната исламска територија, во која влегуваат Босна, Косово и Албанија…, е еден од најпроминентните достигнувања на исламот уште од опсадата на Виена во 1683 година. Навлегувањето на исламот во Европа преку Балканот е едно од главните достигнувања на исламот во дваесеттиот век“.
Пресметките на Шеј покажуваат како војната во Босна овозможи историска можност за навлегување на радикалниот ислам на Балканот во време кога муслиманскиот свет, предводен од Иран и различни исламистички терористички организации, вклучувајќи ја и Ал Каеда, им се приклучи на помош на муслиманите. Оперативната и организациска инфраструктура на муџахедините е поставена токму тогаш.
Џон Р. Шиндлер, професор по стратегија на американскиот колеџ за поморски битки и поранешен аналитичар во Националната безбедносна агенција (НСА), како контраразузнавачи аналитичар се согласува со ставовите на Шеј според кого Балканот го создава парчето кое недостасува во мозаикот на трансформацијата на Ал Каеда од изолирана борбена сила во смртоносна глобална закана.
Шиндлер смета дека радикалниот ислам играл клучна улога во конфликтот во Југославија.
Како Авганистан во 80-тите години на минатиот век и Босна во 90-тите години станаа тренинг-центар за муџахедини, што водеше до неочекувани негативни резултати со епски димензии.
Парадигмата на „Зелената трансферзала“ се рефлектираше и во книгата на Семјуел Хантингтон „Судирот на цивилизации“, во која беше искористена војната во БиХ како парадигматски случај на таканаречени „војни меѓу цивилизации“ меѓу исламот и останатите. Според тезата на американскиот политиколог, главните политички актери на 21 век ќе бидат цивилизациите, а не државите. Во неговото дело „Судирот на цивилизации“ ја изложува контроверзната верзија за новиот светски поредок по Студената војна.
Многу години пред да бидат истрелани првите куршуми во Босна во 1992 година, таа парадигма беше потврдена од Алија Изетбеговиќ, кој подоцна стана лидер на босанските муслимани. Во неговата исламска декларација негира каква било шанса за мирољубива коегзистенција меѓу исламските верници и неисламските општества и политички институции:
„Исламот го содржи принципот на уммет, тенденција за обединување на сите муслимани во една заедница – духовна, културна и политичка заедница… Тоа е природна функција на исламскиот ред да ги собере сите муслимани и муслимански заедници низ светот во едно“.
За време на војната во Босна и Херцеговина (1992-1995) Изетбеговиќ му презентираше „плуралистичка“ слика на Западот, но неговите следбеници дејствуваа во координација со неговата првична порака. Плодовите од нивниот труд и од трудот на нивните истоверници во уште шест други земји во регионот се јасно видливи на илјадници километри долгата патека низ центарот на денешниот Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст