| четврток, 6 декември 2018 |

„Враќање“ на Дина Дума доби Гран-при на филмскиот фестивал во Херцег Нови

vrakjanje

Студентскиот филм „Враќање” на режисерката Дина Дума доби Гран-при на 28. издание на Филмскиот фестивал Херцег Нови, што се одржа од 1 до 7 август во Црна Гора. Во селекцијата за студентски остварувања за наградите одлучувало жири во состав Ања Димиќ, Балша Почек и Марко Угарковиќ.

Филмот на младата режисерка Дума припаѓа на жанрот драма, реализиран е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во него учествуваат актерите Ивана Павлаковиќ, Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Ивица Димитријевиќ, Никола Ристановски, Владо Јовановски, Софија Куновска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Аксел Мехмед и Александар Вељановски.

Сценариото на воената приказна сместена во Македонија во 1942 година е на Александар Русјаков и на Дина Дума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top