| четврток, 6 декември 2018 |

Германско чудо во Берн и покер на Еузебио на „Гудисон парк“

Акту­ел­ни­от свет­ски пр­вак Гер­ма­ни­ја има оди­гра­но мно­гу воз­буд­ли­ви фуд­бал­ски ме­че­ви, а при­ре­ди чу­до во Берн пред 60 го­ди­ни про­тив Ун­га­ри­ја, по­тоа ја по­бе­ди и Фран­ци­ја во 1982 го­ди­на во ду­ел што ги скр­ши ср­ца­та на не­у­трал­ни­те љу­би­те­ли на фуд­бал­ска­та игра и за­гу­би од Ита­ли­ја во сред­ба со најм­но­гу го­ло­ви во до­пол­ни­тел­но­то вре­ме, ду­ри пет во Ме­кси­ко Си­ти во 1970 го­ди­на. Во ова друш­тво на топ 5 нат­пре­ва­ри за па­ме­те­ње вле­гу­ва и три­ле­рот од Бу­ку­решт со 10 по­го­до­ци и по­бе­да­та на Пор­ту­га­ли­ја про­тив Се­вер­на Ко­ре­ја на мун­ди­ја­лот во Анг­ли­ја пред 48 го­ди­ни

Гер­ман­ци­те се акту­ел­ни свет­ски шам­пи­о­ни по бле­ска­ви­от три­умф на мун­ди­ја­лот во Бра­зил што за­вр­ши пред пет­на­е­се­ти­на де­на, а до че­твр­та­та пла­не­тар­на кру­на стиг­наа без по­раз, со две по­бе­ди што осо­бе­но ќе се па­ме­тат.

Три­ум­фот про­тив европ­ски­те Бра­зил­ци, од­нос­но про­тив Пор­ту­га­ли­ја на Кри­сти­ја­но Ро­нал­до, со 4-0 во пр­ви­от нат­пре­вар во фа­за­та по гру­пи го нај­а­ви три­ум­фал­ни­от по­ход на из­бра­ни­ци­те на Јо­а­ким Лев, а за­врш­ни­ца­та, исто та­ка, бе­ше им­пре­сив­на, со не­ве­ро­јат­на по­бе­да од 7-1 про­тив до­ма­ќи­нот Бра­зил и со три­умф од 1-0 во фи­на­ле­то со Ар­ген­ти­на.

Гер­ман­ци­те оди­гра­ле мно­гу воз­буд­ли­ви и не­из­вес­ни ду­е­ли на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, а три од нив вле­гу­ва­ат во топ 5 из­бо­рот на нај­дра­ма­тич­ни ме­че­ви во исто­ри­ја­та на фуд­ба­лот. Се­ка­ко, се ра­бо­ти за не­о­фи­ци­ја­лен из­бор во кој има ме­сто за уште де­се­ти­ци од­лич­ни ду­е­ли што се па­ме­тат и што оста­ви­ле си­лен пе­чат во свет­ски­от фуд­бал.

 

Sport100-1

Три­линг на Су­шиќ, три­ле­рот во Бу­ку­решт за Ју­гос­ла­ви­ја

Не­ве­ро­јат­но ди­на­ми­чен и воз­буд­лив меч со мно­гу пре­свр­ти и вкуп­но 10 го­ла оди­граа Ро­ма­ни­ја и Ју­гос­ла­ви­ја во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за Свет­ско­то пр­венс­тво во 1978 го­ди­на. Во Бу­ку­решт на 13 но­ем­ври 1977 го­ди­на се оче­ку­ва­ше тврд меч со мал­ку по­го­до­ци би­деј­ќи вло­гот бе­ше огро­мен и по­бед­ни­кот оста­ну­ва­ше во игра за плас­ман на мун­ди­ја­лот во Ар­ген­ти­на.

Пред пол­ни три­би­ни во глав­ни­от град на Ро­ма­ни­ја, до­ма­ќи­ни­те по­ве­доа уште во вто­ра­та ми­ну­та по кар­ди­нал­на­та гре­шка на Пе­тар Бо­ро­та, кој го бра­не­ше го­лот на Ју­гос­ла­ви­ја. То­гаш­ни­от чу­вар на мре­жа­та на Пар­ти­зан има­ше лош ден и при­ми че­ти­ри по­го­до­ци, но не­го­ви­те со­и­гра­чи го из­ва­ди­ја со ду­ри шест го­ла на спро­тив­на­та стра­на во мре­жа­та на Ду­ми­тру Мо­ра­ру. Бле­ска­ше Са­фет Су­шиќ, се­гаш­ни­от се­ле­ктор на БиХ, со хет-трик, а по ед­наш беа пре­циз­ни Му­жи­ниќ, Три­фу­но­виќ и Фи­ли­по­виќ.

Нат­пре­ва­рот изо­би­лу­ва­ше со пре­свр­ти и со отво­ре­на игра, а Ро­ма­ни­ја, и по­крај пред­но­ста од 1-0 и 3-2, не ус­пеа да по­бе­ди и ис­пад­на од тр­ка­та за плас­ман на СП во Ар­ген­ти­на. Исто­то ѝ се слу­чи и на Ју­гос­ла­ви­ја по по­ра­зот во уште еден ду­ел за па­ме­те­ње, тој во Бел­град про­тив Шпа­ни­ја. „Цр­ве­на­та фу­ри­ја“ сла­ве­ше со 1-0, а нат­пре­ва­рот оста­на за­па­ме­тен по ин­ци­ден­тот во кој Ху­а­ни­то бе­ше удрен во гла­ва­та со ши­ше што до­ле­та од три­би­ни­те. Шпан­ци­те от­па­ту­ваа на мун­ди­ја­лот, а за уте­ха на Ро­ман­ци­те и на Ју­гос­ло­ве­ни­те им оста­на ме­чот во Бу­ку­решт, еден од нај­у­ба­ви­те во исто­ри­ја­та на фуд­ба­лот.

 

Sport100-2

По­ке­рот на Еу­зе­био ги скро­ти ју­на­ци­те на Се­вер­на Ко­ре­ја

Пан­те­рот од Мо­зам­бик со па­сош и ре­пре­зен­та­ти­вен стаж за Пор­ту­га­ли­ја, Еу­зе­био да Сил­ва Фе­ре­и­ра, по­стиг­на че­ти­ри го­ла и спре­чи ви­стин­ска сен­за­ци­ја на Се­вер­на Ко­ре­ја во че­тврт-фи­на­ле­то на мун­ди­јал­ски­от тур­нир во Анг­ли­ја во 1966 го­ди­на.

Се­вер­но­ко­реј­ци­те ве­ќе имаа на­пра­ве­но го­ле­ма сен­за­ци­ја со ели­ми­на­ци­ја на Ита­ли­ја по по­бе­да­та од 1-0 во фа­за­та по гру­пи, а по са­мо 25 ми­ну­ти нај­а­ви­ја но­во фуд­бал­ско чу­до. Про­тив Пор­ту­га­ли­ја во че­тврт-фи­на­ле­то во­деа со 3-0 по са­мо ед­на че­твр­ти­на од нат­пре­ва­рот. Гле­да­чи­те во Ли­вер­пул на „Гу­ди­сон парк“ на­ви­ваа за ау­тсај­де­рот, а Пак Се­унг Зин, Ли Донг Вон и Јанг Сунг Кок со по еден по­го­док ги кре­наа на но­зе си­те. На се­ма­фо­рот по 25 ми­ну­ти сто­е­ше ре­зул­тат, Се­вер­на Ко­ре­ја – Пор­ту­га­ли­ја 3-0.

Фуд­бал­ска­та сен­за­ци­ја, се­пак, не се слу­чи, најм­но­гу бла­го­да­ре­ние на „би­се­рот“ на Пор­ту­га­ли­ја, Еу­зе­био, кој по­стиг­на че­ти­ри го­ла во се­ри­ја, за комп­ле­тен пре­сврт, што го за­ве­ри со пет­ти по­го­док Хо­зе Ау­гу­сто. Фа­во­ри­тот ми­на на­та­му и за­гу­би во по­лу­фи­на­ле­то од Анг­ли­ја, а ано­ним­ни­те фуд­ба­ле­ри од Се­вер­на Ко­ре­ја ста­наа ви­стин­ски хит.

 

Sport100-3

Чу­до­то од Берн ја за­пре моќ­на­та ун­гар­ска ма­ши­не­ри­ја

За­пад­на Гер­ма­ни­ја за­гу­би со не­ве­ро­јат­ни 8-3 во фа­за­та по гру­пи од Ун­га­ри­ја на мун­ди­ја­лот во 1954 го­ди­на. Две­те се­лек­ции до­тур­каа до фи­на­ле­то, а нов меч ме­ѓу то­гаш­ни­те ве­ле­си­ли бе­ше за­ка­жан во Берн, за ти­ту­ла, за ме­сто ме­ѓу веч­ни­те фуд­бал­ски ве­ли­ка­ни што осво­и­ле свет­ска кру­на.

Се­ка­ко, ап­со­лу­тен фа­во­рит бе­ше Ун­га­ри­ја, пред­во­де­на од го­ле­ми­те фуд­бал­ски ѕвез­ди Фе­ренц Пу­шкаш, Нан­дор Хи­де­ку­ти и Зол­тан Ци­бор, и без по­раз од 1950 го­ди­на, од­нос­но со се­ри­ја без не­ус­пех це­ли че­ти­ри го­ди­ни. Па­тем ја дек­ла­си­раа иста­та За­пад­на Гер­ма­ни­ја, са­мо не­кол­ку де­на прет­ход­но со пет го­ла раз­ли­ка. На Ун­гар­ци­те им оде­ше од ра­ка и са­ми­от старт на фи­нал­ни­от меч ко­га за са­мо 8 ми­ну­ти ве­ќе во­деа со 2-0 со го­ло­ви­те на Пу­шкаш и на Ци­бор. Ти­ту­ла­та ве­ќе бе­ше в џеб, пр­ва исто­ри­ска за Ун­га­ри­ја, но та­ка не мис­лат Гер­ман­ци­те, се­лек­ци­ја што го игра­ше сво­е­то пр­во фи­на­ле.

Во след­ни­те 10 ми­ну­ти ве­ќе бе­ше 2-2, а Гер­ман­ци­те израм­ни­ја со го­ло­ви­те на Макс Мор­лок и на Хел­мут Ран. Фи­на­ле за фуд­бал­ски­те сла­до­кус­ци, со че­ти­ри по­го­до­ци за са­мо 18 ми­ну­ти. Ун­га­ри­ја, не­по­ра­зе­на це­ли 48 ме­се­ци про­тив За­пад­на Гер­ма­ни­ја која бе­ше фуд­бал­ски изо­ли­ра­на без на­стап на прет­ход­ни­от мун­ди­јал во 1950 го­ди­на и со мал­ку нат­пре­ва­ри на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на. Тоа не ги за­гри­жу­ва­ше прем­но­гу из­бра­ни­ци­те на Јо­зеф Хер­бер­гер, тр­пе­ли­во си ја че­каа сво­ја­та шан­са и ја до­че­каа на шест ми­ну­ти до кра­јот на фи­нал­ни­от меч. Хел­мут Ран по­втор­но по­го­ди и ја при­ре­ди, во тој пос­тво­ен пер­и­од, нај­го­ле­ма­та спорт­ска сен­за­ци­ја. Гер­ма­ни­ја е свет­ски пр­вак иа­ко си­те оче­ку­ваа тоа да би­де Ун­га­ри­ја.

„Ова е ос­ло­бо­ду­ва­ње од си­от то­вар што ѝ те­жи на Гер­ма­ни­ја по Вто­ра­та свет­ска вој­на. Берн и 4 ју­ли во 1954 го­ди­на е нов по­че­ток за Гер­ман­ска­та Ре­пуб­ли­ка“, на­пи­ша исто­ри­ча­рот Јо­а­ким Фест.

 

Sport100-4

Гер­ма­ни­ја претп­ла­те­на на фуд­бал­ски дра­ми

По­втор­но Гер­ма­ни­ја бе­ше учес­ник во еден од нај­дра­ма­тич­ни­те нат­пре­ва­ри на си­те вре­ми­ња, но овој пат бе­ше по­ра­зе­на. Од веч­ни­от ри­вал Ита­ли­ја во ду­ел што по­доц­на ме­ди­у­ми­те го на­ре­коа меч на ве­кот. Се оди­гра во Ме­кси­ко Си­ти на 17 ју­ни 1970 го­ди­на ка­ко по­лу­фи­на­лен нат­пре­вар на СП во Ме­кси­ко.

Ре­гу­лар­ни­от дел не ве­ту­ва­ше прем­но­гу воз­бу­ду­ва­ња, а „аѕу­ри­те“ беа пред си­гур­на по­бе­да и по 90 ми­ну­ти. Во­деа со го­лот на Ро­бер­то Бо­ни­се­ња во ос­ма­та ми­ну­та, но Гер­ман­ци­те по­втор­но по­ка­жаа зо­што се ед­на од нај­у­пор­ни­те и мен­тал­но нај­сил­ни фуд­бал­ски ре­пре­зен­та­ции. Во пос­лед­на­та ми­ну­та израм­ни­ја со го­лот на Карл Хајнц Шне­лин­гер, фуд­ба­лер кој то­гаш на­ста­пу­ва­ше во Ита­ли­ја, за Ми­лан. Пре­ка­рот му бе­ше Фолк­сва­ген по­ра­ди из­држ­ли­во­ста и фи­зич­ка­та си­ла, а со го­лот са­мо го нај­а­ви нај­е­фи­кас­но­то про­дол­же­ние на мун­ди­ја­ли­те.

Во до­пол­ни­тел­ни­те 30 ми­ну­ти, или два­па­ти по 15 ми­ну­ти, две­те се­лек­ции имаа свои мо­мен­ти, а пред­но­ста се ме­ну­ва­ше. Герд Ми­лер со гол по са­мо 4 ми­ну­ти игра ѝ до­не­се водс­тво на Гер­ма­ни­ја од 2-1, а Бург­нич и Ри­ва по­втор­но ја вра­ти­ја Ита­ли­ја во по­зи­ти­ва, овој пат од 3-2. Ми­лер пак бе­ше пре­ци­зен за 3-3, а го­ле­а­да­та за­вр­ши со по­го­до­кот на Ри­ве­ра, со што Ита­ли­ја по­бе­ди со 4-3 и се пла­си­ра во фи­на­ле­то. Та­му Бра­зил ги дек­ла­си­ра со 4-1, но по­лу­фи­на­ле­то во Ме­кси­ко Си­ти се па­ме­ти ка­ко ед­на од нај­до­бри­те фуд­бал­ски прет­ста­ви.

 

Sport100-5

Фран­цу­ски­от шарм ги освои на­ви­ва­чи­те, Шу­ма­хер го по­бе­ди Хит­лер

Се­вил­ја бе­ше ме­сто­то ка­де што во 1982 го­ди­на се оди­гра нат­пре­ва­рот што ги скр­ши и фран­цу­ски­те ср­ца и ги рас­та­жи не­у­трал­ни­те љу­би­те­ли на фуд­ба­лот. Гер­ма­ни­ја по­втор­но бе­ше во цен­та­рот на вни­ма­ни­е­то и пак по­бе­ди нив­на­та не­ве­ро­јат­на из­држ­ли­вост, умеш­ност, пси­хо­фи­зич­ка под­го­тве­ност. Тие ги ми­ну­ва­ат и нај­те­шки­те преч­ки, а ток­му та­ква бе­ше Фран­ци­ја на ста­ди­о­нот „Ра­мон Сан­чез Пис­ху­ан“ во Се­вил­ја на 8 ју­ли 1982 го­ди­на. По­лу­фи­на­ле на СП за па­ме­те­ње, не­што што не е се­којд­не­вие и што во фуд­бал­ски­от свет сè уште се пре­ра­ска­жу­ва.

Исто­ри­ска ко­но­та­ци­ја на ду­е­лот му да­де бру­тал­ни­от старт на гер­ман­ски­от гол­ман Ха­ралд То­ни Шу­ма­хер врз фран­цу­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец Па­трик Ба­ти­стон. Ре­зул­та­тот бе­ше 1-1 во тој мо­мент, а Шу­ма­хер со но­га го по­ко­си Ба­ти­стон. Му скр­ши два за­ба, три ре­бра, а на­стра­да и ра­мо­то. Па­трик бе­ше без свест по­ве­ќе од по­ло­ви­на час, но су­ди­ја­та Чарлс Кор­вер од Хо­лан­ди­ја не санк­ци­о­ни­ра­ше ни­што. Не до­су­ди ни­ту пе­нал за Фран­ци­ја, а Шу­ма­хер не до­би ни­ту жолт кар­тон иа­ко зас­лу­жи иск­лу­чу­ва­ње. Фран­ци­ја ка­ко од ина­ет оди­гра фе­но­ме­нал­но во про­дол­же­ни­е­то, по­ве­де со 3-1, но Гер­ма­ни­ја не би би­ла Гер­ма­ни­ја ако се пре­да­де и во на­ви­дум без­из­лез­на по­зи­ци­ја. Ру­ме­ни­ге и Фи­шер беа пре­циз­ни, а нат­пре­ва­рот по 120 ми­ну­ти за­вр­ши со ре­зул­тат 3-3. На­јо­мра­зе­ни­от фуд­бал­ски лик во тие мо­мен­ти, То­ни Шу­ма­хер, бле­ска­ше во пе­нал-се­ри­ја­та и ги од­бра­ни уда­ри­те на Ди­дие Сикс и на Ма­ксим Бо­сис, по што Гер­ма­ни­ја се пла­си­ра­ше во го­ле­мо­то фи­на­ле.

Фран­цу­ски­те ме­ди­у­ми вед­наш на­пра­ви­ја ан­ке­та во ко­ја гол­ма­нот Шу­ма­хер ис­пад­на нај­о­мра­зе­на лич­ност, убед­ли­во по­бе­ду­вај­ќи го и Адолф Хит­лер. Ма­ла уте­ха за Фран­цу­зи­те бе­ше по­бе­да­та на Ита­ли­ја про­тив Гер­ма­ни­ја во фи­на­ле­то со 3-1.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 100. број на неделникот „Република“, 1.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top