| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела исчезнале 10 лица во Хрватска

Во последните седум дена Во Хрватска е пријавено исчезнување на десет лица, од кои две се малолетни, објави загребскиот весник, “Вечерњи лист”.

hrvatska-policija

Хрватското министерство за внатрешни работи упати апел до сите кои можат да помогнар да се јават во полиција, како и да дадат подетални податоци за исчезнатите кои ќе помогнат во нивното пронаѓање. Податоци за изченатите можат да се најдат и на сајтотна Националната евиденција на изчезнати лица на www.nestali.hr.

Според пишувањето на весникот полицијата трага за Даница Дамјаниќ (31), Силвија Петраќ (27), Анте Симонелиј (41), Даниел Соклич (33), Хрвоје Шелахон (25), Дариа Раделиќ (15), Бранкица Баричевиќ (54), Иван Ивакиќ (16), Кжиштоф Марек Вознаик (32) и Жељко Брковиќ (47).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top