Македонските текстилни компании се претставија на второто издание на интернационалниот моден саем во Копенхаген, кој се одржа од 3 до 6 август.
На почетокот на годинава во јануари за време на првото издание на саемот за текстил беше организиран бизнис настан со Б2Б средби и резултат е иницираната соработка меѓу нашите компании и компаниите од Данска и Шведска, па оттука на второто издание на интернационалниот моден саем во Копенхаген текстилните компании од земјава првпат присуствуваа со свој штанд.
Компаниите остварија повеќе од педесетина средби со скандинавски брендови. Се работи за сосема поинаква мода во однос на останатите европски држави, бидејќи Скандинавците се познати по едноставниот, но префинет изглед, кога станува збор за избор на облека.
Ова беше одлична можност македонските компании да се запознаат со модата, стилот и дизајните кои ги нудат овие брендови, оценуваат претставниците на македонската текстилна индустрија
Зеадничкиот настап на текстилните компании на саемот беше организиран од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Швајцарската програма за промоција (SIPPO) и Текстилно-трговско здружение на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.