– Велика Британија нема да учествува во евентуални воздушни напади врз позиции на групата „Исламска држава“ во Ирак – изјави денеска портпарол на Владата во Лондон.
– Британска војска нема да учествува во какви било воени операции во Ирак, вклучително во воздушни напади – истакна тој.
Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон ќе претседава со седницата на владиниот кризен комитет „Кобра“, свикан со цел разгледување на ситуацијата во Ирак.
Велика Британија предложи лидерите на „Исламска држава“ да бидат вклучени во списокот со санкции на Советот за безбедност на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


