
Вечерва на програмата на „Охридско лето“ е концертот на нашиот хор „Про Арс“ во катедралната црква „Света Софија“.
Професионалниот хор „Про Арс“ е формиран во 2011 година, од страна на Сашо Татарчевски. Уште од почетокот хорот презентира висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Во својот репертоар овој хор посебен акцент и посветеност дава на постојното македонско хорско творештво, но и на поттикнување на авторите за пишување нова хорска музика: во соработка со СОКОМ првпат во Македонија е организирана работилница за млади композитори кои ги создаваа своите дела во непосреден контакт со ансамблот.
Татарчевски дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Има настапувано со голем број ансамбли на повеќе манифестации во Македонија, но и во Португалија, Словенија, Шкотска, Швајцарија, Шпанија, Србија, Франција, Русија и др.
На програмата на вечерашниот концерт се композиции на Свиридов, Хаслер, Фалик. Почетокот е предвиден за 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


