| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов четврто авионско прскање против комарци во Скопје

komarciprskanje

Град Скопје претстојниов викенд четврти пат ќе прска против комарци.  Дезинсекцијата ќе се одвива в сабота и во недела во период од 5:30 до 8:00 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и земјената дезинсекција.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top