
Фото Курир
Откако вчера од страна на Агенцијата за обезбедување имот и лица што го обезбедува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ било пријавено дека околу 21.45 часот слушнале две експлозии од правец на паркот меѓу Правен и Филолошки факултет, полицијата изврши увид на самото место.
Оштетувања и повредени лица нема, а пронајдени се делови од eксплозивна направа во тревникот од паркот, кои се подигнати за натамошно вештачење.
Утринава во близина на оградата од Универзитетот е пронајдена уште една експлозивна направа која не била активирана.
Таа, исто така, ќе биде предмет на натамошно вештачење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


