Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, одби да му пружи рака на својото колега, селекторот на Олстар екипата од МЛС лигата, Калеб Потер, по завршувањето на пријателскиот натпревар.
Гвардиола смета дека неговиот колега не направил доволно за да ги спречи своите играчи да стартуваат остро во дуелот кој го доби МЛС со 2-1.
– Не го видов, не е вистина дека не сакав да се поздравам. Ние се обидовме да ги почитуваме правилата на играта. Задоволен сум од мојата екипа. Мојата работа не е да се концетрирам на нивните стартови. Тоа е работа за други. Не сум сигурен дека мојот колега ја работеше таа работа – изјави Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


