| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Грција предизвика проблеми во инфраструктурата

dozdПороен дожд и град предизвикаа проблеми во многу реони во Грција.

Поројни дождови го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во Халкида и предизвикаа свлечишта, како резултат на што беше блокирано движењето на возила во реонот на Ахаја, полуостровот Пелопонез во Јужна Грција.

Град паѓаше и во Солун, како и во Мецово и други места во областа Јанина во западниот дел на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top