| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски: Се гордеам со ова парче земја на Балканот

490x370_vlatko-stefanovski

Во интервју за „Антена“, Влатко Стефановски говори за штотуку завршениот прв дел од оркестарската турнеја „Балканска треска“, која ја реализираат со Мирослав Тадиќ и со Теодосиј Спасов, за наградата „Фипресци“, која неодамна ја доби за најдобра филмска музика за „Кога ќе нè раздени“, за политиката во културата, ЗАМП и ММИ, „Леб и сол“…

Неговата агенда постојано се освежува и речиси нема време да се впие минатата вест, а веќе пристигнува нова. Неговата музичка кариера, главно, се одвива во странство. Оттаму и прашањето за „Антена“: „Дали некогаш сте се почувствувале во кариерата оштетен или обесправен само поради тоа што доаѓате од ова мало парче земја на Балканот?“

– Се гордеам со ова мало парче земја на Балканот. Посебно со музиката што ја носам со себе и во себе. Многу патувам и чувствителен сум на визните режими, на безбедносни проверки по аеродромите, на разни цинични погледи, коментари, или не дај Боже, на навреди. Не дозволувам да бидам потценет поради своето државјанство или национална припадност. Реагирам брзо, за среќа, добро зборувам англиски и враќам со иста мера. Рака на срце, на Балканот сум прилично познат и ме почитуваат на разни страни. Инаку, нема гаранција за успех ако сте родени или ако живеете во некој богата земја или во некој епицентар на шоубизнисот – вели Стефановски за „Антена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top