| четврток, 6 декември 2018 |

Нов закон во Хрватска – подолго работно време, полесно до отказ

Во Хрватска од денeска почнува примената на новиот Закон за работни односи донесен и покрај противењето на опозицијата, работодавците и работниците.

Со новиот закон е овозможено работната недела да се продолжи на 50, односно 60 часа ако така е утврдено со колективниот договор. Работниците што работат кај работодавци со повеќе претпријатија, работодавецот може да ги преместува од една во друга своја фирма и тоа на рок од најмногу шест месеци.

Агенциите на своите работници вработени на одредено време, за времето во кое не се изнајмени ќе мора да им исплаќаат придонеси за минимална плата, но не и да им исплаќаат плата.

Се менува и досегашната одлука која не дозволуваше отказ на бремени жени во случај фирмата да оди во ликвидација.

Отказ ќе може да добие работник кој не задоволува на пробната работа.

Со новиот закон, работниците веќе нема да мора да чекаат еден месец за да покренат синдикални акции поради неисплатени плати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top