| четврток, 6 декември 2018 |

Папата стана почесен граѓанин на Тирана

Папата Франциск стана почесен граѓанин на албанскиот главен град Тирана, јави дописникот на МИА.

655-402-papa-francisk

Едногласна одлука за тоа донесе советот на Општина Тирана, кој исто така даде зелено светло и за реконструкција на тиранскиот плоштад „Мајка Тереза“ во Тирана, каде папата ќе биде пречекан на 21 септември.

По повод посетата на папата Франциско плоштадот „Мајка Тереза“ ќе биде целосно рекоструиран и уреден, вклучувајќи и хортикултурно, за што од државниот буџет се издвоени 600 милиони леки.

Досега многу често се зборуваше за отстранување на фонтаната и негово уредување, но се чини работите ги интензивира посетата на папата. Фонтаната ќе биде отстранета а местото наполнето со земја, со што се создава отворен плоштад за мисата која ќе ја одржи папата.

Папата ќе ја посети Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама и на претставниците на Католичката црква во Албанија.

Папата Франциск е втор папа кој ја посетува Албанија. Прв на албанска земја стапна Папата Јован Павле Втори на 25 април 1993 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top