| четврток, 6 декември 2018 |

Лажна тревога со авионот на „Катар ервејз“ во Манчестер

Безбедносната тревога што вчера попладне беше создадена на аеродромот во Манчестер, била предизвикана од лажна бомба во авионот на компанијата „Катар ервејз“,соопштија аеродромските власти и полицијата.

qatar

Човекот што беше означен како виновен за целата ситуација со „бомбата“, беше уапсен и сослушан од полицијата, по атерирањето на авионот на манчестерскиот аеродром,а потое префрлен на психијатриско набљудување, каде е задржан на испитување.

Неговот идентитет не се соопштува,освен што се вели дека станува збор за 47 годишен маж.

Инцидентот се случи вчера попладне,кога пилотот на авионот на „Катар ервејз„ ги извести земските воздухопловни власти во Манчестер, дека во леталото има „сомнителна експлозивна направа“.

Веднаш по известувањето, аеродормот во Манчестер беше затворен за сите слетувања и полетувања,а авионите беа преноасочувани кон Ливерпул и Лидс. Беше подигната безбедносна тревога, а два „тајфуни“ на британското воено воздухопловство РАФ,полетаа кон авионот на „Катар ервејз“ и со нивна придружба,тој безбедно се спушти на пистата на манчестерскиот аеродром.

Силни полициски сили го заобиколија леталото, а полицајците кои се втурнаа во авионот од таму го извадија сомнителниот патник. Истрагата што потоа беше направена откри дека станува збор за лажна тревога.

Некои од патниците на авионот изјавија денеска дека не знаеле што се случува. Тревогата ја забележале дури кога виделе дека од двете страни на нивниот авион во непосредна близина летаат два борбени, воени авиони. Во авионот „ербас А330-30“ што леташе од Доха за Манчестер, имаше 269 патници и 13 членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top