| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн Џејмс нагло ослабел!

Најдобриот играч во НБА лигата Леброн Џејмс на својот твитер профил објави фотографија на која изгледа многу ослабено.
Можеби една фотографија и не е некој доказ, но спортскиот новинар од ЕСПН Брајан Виндхорст кој важи за близок човек до кошаркарот објави на твитер дека Леброн Џејмс ослабел поради тоа што престанал да внесува јаглехидрати во својот организам ова лето.
Виндхорст и Џејмс соработуваат уште кога Леброн играше кошарка во среднот училиште и е можеби единствениот новинар во светот кој има најголем пристап на информации за овој играч.

lebron james 1

Џејмс има 29 години и полека го подготвува своето тело кон крајот на кариерата. Коби Брајант истото го направи кога наполни 30 и тоа значително му ја продолжи кариерата и сега без проблем и со успех настапува и на 36 години.
Колку ќе се одражи намалувањето на тежината на Леброн останува да се види во следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top